
По пеколно жешко време денес на градски во Штип се одигра последниот меч од подготовките на Брегалница за претстјната прволигашка сезона. Играчите на обете екипи беа изложени на висока температурна амлитуда, но и покрај тоа играта беше борбена како за бодови. Брегалница победи со резултат 3:0 (1:0) со головите на Мартин Стојанов од пенал и на Бобан Ѓеоргиев и на Љупче Кудев.

Се чини дека резултатот е превисок, имаше реакции од клупата на Силекс за некои судиски одлуки, но на крајот победата на штипјани е заслужена. Особено беа убави за око головите на Бобан Ѓеоргиев и на Љупче Кудев кои беа наградени со френетичен аплауз од присутните гледачи кои за прв пат по скоро две години се најдоа на градскиот стадион во Штип. Тренерите на обете екипи им дадоа шанса на скоро сите играчи со кои располагаат а судиите дури на 4 пати овозможија тајм – аут освежување за актерите на теренот. Првенството во Првата Македонска фудбалска лига ќе започне на 8 август а во првото коло на „градски“ во Штип ќе се сретнат Брегалница – Шкупи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk