Форца ја одбрани титулата во Првата футсал лига во сезона на тотална доминација!

Шампионот Форца ја одбрани титулата во Првата футсал лига на три кола до крајот од сезоната, во сезона каде тимот на Форца имаше тотална доминација.

По 15 одиграни кола во Првата футсал лига екипата на Форца е на првото место со учинок од 14 победи и еден пораз и 42 бодови на своето конто, пред Проект кој е втор со 26 бодови.

Огромна разлика на бодовната состојба на табелата, каде тимот на Форца не виде воопшто мака за да ја одбрани титулата и да стане шампионо одново во футсал елитата на Македонија.

Екипата го има најдобриот напад кој има реализирано 101 погодок на 15 натпревари, а ако се земе фактот дека вториот најдобар напад има 67 погодоци, или нападот на Клими тоа укажува дека Форца доминираше ова сезона.

На три кола до крајот ќе остане битката да се избегнат последни две места кои директно водат кон испаѓање во Втората лига. На дното е закован Железарец и екипата која некогаш беше и шампион на Македонија е веќе во Втората лига, а ќе биде битката меѓу Кеги Моби, Јувентус Серава, Црна Река и Бутел да се избегнет претпоследното место.

Александар Ванев, М-Нет