Формирана нова партија на Ромите со цел подобрување на животот на Ромите во државата

Формирана нова народна Ромска партија ЦДУ, која за цел ќе има да го подобри начинот на живеење на Рмите во државата, како и подобрување на условите за образование, работа и слично. Партијата е формирана од старо и ново членоство од сите нездаовклни граѓани кои си ги бараат своите права и заслужуваат да живеа подобар живот.

„Кога кажувам да го помогнеме значи да делуваме поразлично од делувањето до сега. Ромскиот народ сѐ уште живее и работи во сустандарди услови, па затоа тоа сакаме да го тргнеме, а да не ги споменуваме сите други проблеми кои се во Ромската проблематика. Формирањето на оваа партија значи обединување заедничко на Ромите, за подобар и поквалитетн живот на целосното тло на нашата држава. И изедначување, однонсо Ромите на бидат на исто тло со сите други граѓани во државта.“ – кажа

Оваа партија е на централно ниво, но опфаќа проекти кои се од значителна важност за сите граѓани и во Источниот дел на државата, почнувајќи од младите па се до пензионерите.

„Да овозможиме соодветни услови за едукација, образование, да ги вреднуваме кадрите кои се дојдени од другите страни, да им се даде соодветна позиција каде ќе може да помогнат на Рмоите и на другите луѓе во нашата држава. Со оглед на тоа што источниот дел е познат како земјоделски еден од проектите на кои работиме и сакаме да ги развиеме е да ги вклучиме Ромите што повеќе во земјоделието и сточарството. Да почнат Ромите да придоесуваат како за себе така и со земјоделството како инсдустирска гранка за сите“ – додаде

Раководството на ново формираната партија за Ромите очекува обединување на сите Роми на ниво на државата. Партијата е формирана пред два месеци, а има 38 ограноци во државата, 23 во истокот со тенденција да се формираат уште неколку.

Лаура Стојанова М-Нет