ФК “Единство,, од с.Врсаково Штип го одбележа 70 годишниот роденден

Фудбалскиот клуб “Единство,, од штипското село Врсаково од Штип го прослави својот јубилеен 70 роденден од формирањето. Со голема прослава и ручек, фудбалерите од клубот го одбележаа денот и се навратија на многубројни сеќавања, дружби и убави мигови поминати заедно. Денес наградите и дресовите сместени во плахарите ни будат емоција и добро сеќавање, истакнаа ти и додаваат дека ваквиот собир е од голема важност за нив Покрај фудбалерите, големи сеќавања откри и тогашниот тренер на клубот Мите Митев, кој денес е пресреќен што ден денес тој е ценет од сите негови познаници. .

„Формиран е 1954 година, годинава 70 години славиме, со тоа што јас во клубот бев во моето родно село врсаково каде што сум роден. Бидејќи имав голема љубов за селото и затоа го направив тоа, се редеа резултати за три години влеговме од општинска во меѓуопшинска, во регион и во регион ги оставив 80 година кога заврши првенството си заминав во Скопје, а интересно е што имаме мнофу утакмици, а најдобрата е дома во Врсаково.“ – изјави Митев

Дел од екипата пред камерите на М-Нет телевизија посочиа дека тоа биле многу убави настани за нивниот живот, а еден од најважните настани е со штипска Југославија.

„Најважен настан ни е бил со штипска Брегалница, игравме за куп на Југославија тогашна играме у Врскаово утакмица. Јако добро беше , општинска лига бевме најдобри освоиме прво место и се натпреваруваме и со Брегалница за куп.“ – велат дел од екипата

Фудбалскиот клуб Единство, постои од 1954 година. Бил многу познат и добар клуб од постоењето па до негово расформирање.

Лаура Стојанова, М-Нет