
Штипска Брегалница денес го одигра натпреварот од 25 коло на ВМФЛ – Исток во кој на „градски“ во Штип ја победи екипата на Кожув од Гевгелија со резултат 3:0 и на две кола пред крајот и официјално се промовира во новиот фудбалски прволигаш. Брегалница во водство од 1:0 дојде во судиското надополнување на првото полувреме а стрелец на голот беше Наумче Бакрачевски. Во второто полувреме Брегалница имаше повеќе шанси, но благодарејќи на голманот на Кожув, Борче Картов резултатот долго остана непроменет. Се до моментот кога Владимир Дујовски со прецизен удар постигна гол за водство на Брегалница од 2:0. Победата на Брегалница беше осигурана со третиот гол дело на Јован Манев за конечен резултат Брегалница – Кожув 3:0. Натпреварот мина во коректна и фер атмосфера со одлична свирка на судиската четворка на чело со Боби Величков од Велес. Веднаш по натпреварот започна славјето на фудбалерите на Брегалница кои во сезоната 2016 / 17 испаднаа од Првата лига на Македонија и сега по 4 сезони се вратија на македонската прволигашка карта и зеднички, играчите, стручниот штаб и менаџментот на тимот, во годината на 100 годишниот јубилеј од формирањето на клубот на градот му го поклонија најубавиот дар – Прва лига на Македонија Еве ги комплетните резултати од ова 25 коло:
- Каменица Саса – Плачковица 1:2
- Победа – Росоман 3:1
- Слога – Осогово 0:0
- Брегалница – Кожув 3:0
- Тиквеш – Кит Го Пехчево 3:1
Табела
- Брегалница 67
- Тиквеш 58
- Кит Го П 42
- Кожув 35
- Каменица С 32
- Осогово 30
- Слога 28
- Победа 23
- Плачковица 15
- Росоман 9
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk