
Историски момент за Федерацијата на училишен спорт на Македонија за првпат во својата историја за претседател е избрана жена.
Елена Мицковска, долгогодишен спортски работник која успешно извршувала бројни значајни функции во спортот, како и во делегациските структури. Таа е поранешна кошаркарска репрезентативка со богато искуство и посветеност кон спортот е избрана за нов претседател на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Новоизбраната претседателка во своето обраќање порача дека ова не е само лична победа, туку и порака до сите девојчиња и млади жени дека лидерството во спортот е достапно за секого. Мицковска додава дека ќе работат посветено за спортот кој ги обединува младите и им ја отвара вратата кон здрави навики, фер-плеј и успех.
Изборот на Мицковска за претседател на Федерацијата на училишен спорт на Македонија претставува значаен чекор кон унапредувањето на родовата еднаквост, современо и инклузивно управување, како и транспарентно водење на Федерацијата.
Како што истакнуваат од федерацијата со изборот на Мицковска започнува ново поглавје, исполнето со визија, интегритет и посветеност окн напредокот на спротот, а притоа истакнаа дека Федерацијата и понатаму останува отворена за соработка, дијалог и заеднички успех.
Елена Мицковска како претседател на Федерацијата доаѓа на местото на Александар Туфекчиевски, кој беше претходно претседател.
Александар Ванев, М-Нет