Фатална собраќајна несреќа во која учествувал штипјанец

39 годишен жител на с.  Г. Подлог, Кочани  синоќа го загуби животот  во сообраќајната несреќа која се случи во  близина на селото  Истибања. Во фаталната сообраќајка животот го загуби и 49 годишен виничанец, јавува полицијата која денес на споменатиот патен правец имаше поставено засилени полициски патроли. Причината за собраќајката е невнимание и неприлагодена брзина,возење во алкохолизирана состојба.Според месното население  се работи и за  лоша конфигурација на  собракајната инфраструктура која се реновира во тој дел од делницата.  Официјалните полициски информации говорат дека,синоќа околу 21. 30 на А3, на делницата од Штип до виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода во која животот го загубија две лица.

Во несреќата учествувале возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од селото Истибања, виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од Г.Подлог, кочанско. „Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет