
Остануваат уште околу две недели до затварање на летниот преоден рок во македонскиот фудбал, период во кој клубовите може да регистрираат нови засилувања. Со оглед на тоа што започна новата сезона како во Првата, така и во Втората македонска фудбалска лига, дел од екипите кои не стартуваа според планот или пак проценија дека нивниот ростер може да биде тенок на одредени позиции или да потфрли може да регистрираат нови засилувања.
Летниот преоден рок во македонскиот фудбал се затвара на 6 септември, период до кој може да се регистираат нови засилувања.
Дел од екипите најавија дека ростерите не се затворени односно дека не е исклучена можноста за доекипирање односно да се промовира уште некое засилување до затварање на преодниот рок.
Како и во Првата, така и во Втората лига некои екипи немаат старт каков што посакуваат, односно направија „кикс“.
Во прволигашката конкуренција Башкими и натаму чека позитивен резултат по четири лоши натпервари, Скопје го бара првиот триумф, Арсими по лошиот старт донесе неколку засилувања и фати позитивен резултат, како и Брегалница.
Кај второлигашите дури четири екипи немаат бодови. Шкупи и натаму нижи порази, Еуромилк ГЛ тргна со два порази како и Новаци и Осогово.
Александар Ванев, М-Нет