
За еден месец организираноста на учениците во средното медицинско училиште Јане Сандански од Штип резултираше со хуманитарна акција, во која се собраа средства за новогодишни пакетчиња, играчки, храна и помагала за дечињата од посебната паралелка во ОУ „Ванчо Прќе“ Штип, сенозрната собра во „Димитар Влахов“ и децата сместени на одделот запедијатрија при Клиничка болница Штип.
„Иницијатор бевме да направиле нешто околу претстојните празници и се договоривме со целото училиште да собереме средства за подароци и пакетчиња за децата во посебната паралелка во ОУ Ванчо Прќе, за сензорната соба во Димитар Влахов како и за децата на детскто одделение при КБ Штип.
Оваа акција се организира традиционално веќе десетина години по ред. Директорката Николиќ е задоволна од средствата кои се собрани од страна на учениците и вработените во училиштето, но и начинот на кој оваа година наместо на едно насмвки на лицата на децата се цртаат во две училишта и болницата.
“За крај на оваа година како заокружување треба да дадеме пример за позотовно да за јавршиме тековната година и овде би сакала да кажам дека за жал во времето во кое живееме сите сме полни со предрасуди, заборавивме да се гушкаме и бакнуваме, но на крајот од денот секој од нас треба да се погледне во огледало и да свати дека сите сме исти.“ – истакна Николиќ.

Децата со попречености се радуваат на сѐ како и останатите деца, вели дефктологот Борче Петровски. Додава дека среќни ги прават мали работи, но со големо посветено внимание.
Напрваени беа околу 40 пакетчиња, а од собраните средства децата добија и играчки, како и помагала со цел поубави празници за сите.
Лаура Стојанова М-Нет