Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ со продажба на предмети од хартија ќе опремат нов кабинет

Предмети изработени од хартија денеска се нудеа на случајни минувачи на плоштадот Слобода во Штип. Деветоодделенците од ООУ „Гоце Делчев“ Штип две недели активно работеа со цел да ги подготват ваквите предмети кои денеска се продаваа, а со цел од средствата кои ќе се соберат да се опреми некој кабинет во самото училиште. Со симболични цени кои за нив се од големо значење предметите им ги нудеа на граѓаните.

„На иницијатива на ученичкиот парламент, а по повод „Халовин“ во нашето училиште се одржа МИО работилница на која беа изработени предмети кои ги нудиме на продажба и со средствата кои ќе се соберат од продажбата би помогнале во опремувањето на некои од нашите кабинети. Во активноста учествуваа учениците од деветто одделелние.“ – вели

Темата и идејата се дело на Ученичкиот парламент при ООУ „Гоце Делчев“, а учениците самостојно, но и со помош на своите наставнци создаваа предмети за помош на училиштето и подобар изглед на нивните училници. Задоволни се што се дел од една ваква работилница.

Ваква слична работилница беше спорведена и претходно, кога учлениците од ООУ „Гоце Делчев“ Штип создаваа предмети по повод Неделата на детето. Од тогаш собраните средства училиштето доби нов клима уред и завеси за две училници.

Лаура Стојанова М-Нет