Учениците од ООУ „Ванчо Прке“ – Штип ја пренесоа пораката за чиста и здрава околина

Ученици од основното училиште „Ванчо Прќе“ ја пренесоа пораката за чиста и здрава околина. Преку пораки дадоа пример и совети за тоа како треба да се зачува средината, а со тоа учествуваа во промотивниот материјал кој е подготвен по повод акцијата „Генералка викенд, 2023“.

Учениците и активно ќе се вклучат во акцијата, со тоа што утре ќе ги исчистат дворовите на своите основни училишта. Акцијата има за цел да ја подигне свеста за зачувување на животната средина за подобар и поквалитетен живот на сегашните и идните генераиции, а во зависност од количината собран отпад, Општина Штип ќе добие дрвја кои ќе ги одгледува и насадува.

Ребека Спасова М-Нет