
Успешни настапи имаа Оља Цветанова и Марко Чекеровски на Европското првенство во цикло-крос за младинци во Ватра Дорнеи, Романија, кое се одржа изминатиот викенд.
Цветанова во У-15, а Чекеровски во У-16 ја претставуваа македонската велосипедска репрезентација на Европското првенство, на кое имаше силна конкуренција, со учество на најдобрите млади велосипедисти од повеќе европски земји.
На Европското првенство во Романија, Оља Цветанова заврши на 14. место, додека Марко Чекеровски финишираше на 39. место.
Учеството на Европското првенство за нашите млади велосипедисти е значајно меѓународно искуство за стекнување на нови знаења во една од најдинамичните велосипедски дисциплини, но и за сите предизвици кои претстојат пред Цветанова и Чекеровски.
Александар Ванев, М-Нет