
Во рамки на 17. коло во Трета лига – Север сосема очекувана виоска победа за фаворитот Шкендија Арачиново, откако лидерот на табелата со убедливи 6:0 го декласираше тимот на Пчиња.
Фудбалерите на Шкендија Арачиново на терен излегоа со црни маички во знак на почит за 59 трагично загинати во големата трагедија во Кочани, а собрание средства за време на натпреварот ќе бидат донирани за настраданите, а натпреварот започна со минута молк.

Висока и важна победа однесе и Њу Старс во битката за опстанок, откако тимот славеше со 6:0 против Риниа, а пак Академија Илинден со 5:4 славеше против Фортуна.
Аеродром продолжува со одличните игрчи откако со 4:1 славеше против Еуромилк ГЛ, БВК Коњаре го доби Кадино со 3:2, а пак Куманово со 2:0 беше подобар од Башкими Љуботен.
Новајлијата Ржаничино на домашен терен со 2:0 го доби тимот на Беса од Слупчане.
Александар Ванев, М-Нет