Турските студенти во Штип месечно трошат до 1000 евра, условите за нив се одлични

Турските студенти во Штип месечно трошат до 1000 евра. Пред камерите на М-Нет телевизија, тие велат за нив ваквата сума е прифатлива, затоа што ја имаат можноста тоа да си го дозволат. Додаваат дека овде студентскиот живот им е многу добар.

“Moже би околу 1000 евра, не знам точно, но прилично е толку. Добро е, бидејќи ние сме студенти за 1000 евра е добро. Ми се допага Штип, но и Скопје е исто убав.“, велат студентите

“За еден месец, мислам дека 1000 евра. Тоа е добро за нас студентите, барем за мене е добро.”, велат студентите

“5000 евра и да тоа е добро.“, додаваат студентите

Она на што најмногу тие ги трошат дополнително парите е за јадење, а особено од македонската традиционална кујна најмногу тие јадат пастрмајлија и бурек.

“Пастрамајлијата е добра, ама најмногу сакам бурек, тој овде е многу добар.”, истакнуваат студнетите

“Храната овде е посебна, супер е.“, додаваат студентие.

Во согласност со ситуацијата, Турците кои студираат во Штип на Универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека по дипломирањето нивните сонародници најчесто се враќаат во Турција, таму бараат вработување, а доколку не успеат да најдат добра работа сo посакуваните услови, бараат можности во некоја од европските земји.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет