
Три нови амбулантни возила пристигнаа во Здравствениот дом „Д-р Панче Караѓозов“ во Штип, наменети за потребите на Брзата помош. Возилата се опремени со современа медицинска опрема и ќе овозможат побрз транспорт на пациентите и подобри услови за работа на медицинскиот персонал. Според директорот Горан Андонов, со оваа набавка ќе се подобри здравствената заштита на жителите на Штип и Карбинци.
,,Штотоку пристигнаа трите нови современи амбулантни возила, кои што се дел од проектот 100 амбулантни возила од министерството за здравството и Владата на Р.Македонија. Последната ваква набавка е 2012 година, така што и те како е оправдано ваквите нови возила, со цел да се подобри квалитетот на здравствена заштита, да имам побрз транспорт на пациентите, а секако и подобри услови за нашите вработени. Тоа е инвестиција во спасени животи, побрз транспорт до повисоките здравствени институции и подобрување на условите на работа. Го поздравувам овој потег на министерството за здравство и Владата на Р.Македонија, што одвоија еве три амбулантни возила за граѓаните на Општина Штип. Во моментот располагаме со 11 доктори, 11 возачи и 12 медицински сестри и шест амбулантни возила, во овој момент ги задоволуваме стандардите и целосната покриеност во Општина Штип и Општина Карбинци. Станува збор за најмодерно, најсовремено амбулантно возило, опремено со целосна медицинска опрема односно дефиблиратор, екаге, кислородна поддршка за пациентот, систем за дезинфекција, сет за имобилизација, траспортни даски, буквална целосна опрема, како во другите европски држави.”, рече Андонов
Пратеникот Душко Иванов најави дека во наредниот период Здравствениот дом во Штип треба да добие уште едно амбулантно возило. Тој упати благодарност до Владата и Министерството за здравство, посочувајќи дека по 14 години повторно се набавуваат нови возила.
,,Според тоа што јас го имам како информација, здравствениот дом ќе има уште едно возило во текот на наредниот период, така да еве и јас сакам да изразам огромна благодарност до Влада, до ресорното министерството за набавката на овие современи возила. Фактот дека после 14 години се набавуваат нови возила укажува на различниот пристап и начинот на кој што се практикува власта во Македонија.”, вели Иванов
И од Итната медицинска помош велат дека се задоволни од возилата, посочувајки дека истите располагаат со посовремена опрема за згрижување, имобилизација и транспорт на повредени и критично болни пациенти.
,,Во овие возила имаме многу помедрна техника за имобилизација на скршеници, односно фрактури и други отворени или затворени повреди. Имаме дополнителен санитетски материја кој што можеме да го користиме, а исто така и матерјал кој што ке го користиме за траспортот на пациентите, односно лежај и останати средства. Во потребите за ренимација секако ќе имаме многу голема потреба.”, вели Николова
Со новите амбулантни возила, Итната медицинска помош во Штип добива подобри услови за побрза и поефикасна интервенција и згрижување на пациентите.
Иван Митев, М-Нет