
На 24.12.2021, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ѓ.Г.(34), Ј.М.(38) и Д.П.(32), тројцата од од с. Железница, кратовско, затоа што во 00.20 часот пред угостителски објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.