
Третолигашот на Истокот пополека ги започнуваат подготовки за пролетниот дел од сезоната. Брегалница од Делчево веќе десеттина дена е во тренажен процес и ја подига формата за вториот дел од сезоната, а овој тим веќе имаше и нови засилување – Еди Мандак и Христијан Крстов.
Старт на подготовки означи и Ударник од Пирава, кој го сочува ростерот од есенскиот дел и ќе се обиде во пролетниот дел стигне до првата позиција која води кон баражот за Втора лига, а тимот од Пирава има три бодови негатива во однос на непоразениот лидер Победа од Валандово. Ударник веќе одигра и еден пријателски меч против Слога од Злеово.
Претходно, старт на зимските подготовки означи и Овче Поле од Свети Николе, а овој тим ќе има и неколку засилувања и ќе се обиде да ја да стигне Победа во битката за второлигашкиот бараж. Тимот од Свети Николе одигра веќе и еден пријателски меч со младинците на Брегалница на Бело Брдо во Штип, а истиот и резултатски го доби.
Есенскиот шампион Победа Валандово прв означи старт на зимските подготовки од сите третолигаши и одигра неколку пријателски натпревари со второлигаши, а во пролетниот дел Победа ќе треба да го потврда првото место и да игра бараж за влез во Втора лига.
Се очекува и останатите третолигаши пополека да започнат со подготовки за пролетниот дел од Трета лига – Исток, а истиот е закажан за 8 март.
Александар Ванев, М-Нет