
Треба ли и лекарите да добијат обезбедување по нападот врз здравствени работници во Скопје? Иако лекарите апелираат дека им е потребна заштита, министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција рече дека е невозможно со секоја Брза помош да оди и обезбедување. Сепак, тој е дециден дека засилена заштита е оправдана само на одредени ризични точки, посочувајќи дека земјата не може да стане полициска држава.
,,Ангажирање на дополнително обезбедување можам да кажам дека тоа е оправдано, но одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Јас дури бев уште и директор на фондот за здравствено осгирување, моето обезбедување го префрлив во Букуреш во комисија за боледување, бидјеки таа беше под пристисоци. Да можеме да обезбедиме некои точки, меѓутоа не можеме сите точки, не можеме државата да ја претвориме во полициска држава.”, вели Клековски
Работата во Итната помош носи секојдневни предизвици и висок стрес за вработените. За да можат мирно и безбедно да си ја вршат работата, во наредниот период ќе се бара решение за подобра заштита на најризичните места. Во меѓувреме, најважни остануваат трпението и почитта, бидејќи целта на сите е иста – навреме да се спаси сечиј живот
Во меѓувреме нападот во скопје отвори прашања и кај лекарите, но и ка граѓаните, за квалиттот на здравството и за почитта на граѓаните кон вработените здравствени лица. Ситуацијата останува на надлежните институции.
Иван Митев, М-Нет