
Трагедија во Штип, ноќеска е убиена 84 годишна мајка од сопствениот син. Според информациите на МВР инцидентот се случил околу 2 часот во семејниот дом во Штип, со остар предмет синот нанел убодна рана на неговиата мајка, по што таа починала.
Штипјани во шок и неверување, потресени и вознемирени. Велат дека човештвото излегува од контрола. И не само анкетираните, во голем шок се и соседите, кои со големо неверување не сакаа да разговараа пред камерите на нашата телевизија. Велат убиената мајка ја пометат пред се како добронамерна жена, која како и сите мајки мислела само добро на своето чедо.
Како што информираат од МВР лицето е приведено и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.
Инаку, ова не е прв случај на убивство во Штип, мината година беше убиена и младата штипјанка Емилија Пешева, а убицеот доби доживотна затворска казна.
Иван Митев, М-Нет