
Штип е следниот град каде ќе се поставува сејф сити. Министерот Панче Тошковски изјави дека до крајот на годината, сејф сити ќе се постави во повеќе градови во државата. Тој посочи дека во иднина поголем број на возила ќе имаат и уреди кои истовремено ќе констатираат повеќе прекршоци.
,,Треба да го имплементираме и на територија на СВР Штип и СВР Струмица. Моментално работи на СВР Струмица, повеќе градови работиме. Би требало да завршиме до крајот на овој месец на територија на СВР Струмица, после тоа е СВР Штип, а кажав дека се надевам до крајот на оваа година, но ајде и почетокот на 2027 година ќе биде имплементиран сејф сити и еве денеска ексклузивно ќе најавам и за македонските граѓани во иднина, зашто сега ги научивме камерите кај се, и знаеме кајшто имаме камера возиме така како што треба, кадешто нема имаме поинаков тип на управување на возилото. Во иднина, голем број од полициските возила коишто ги има МВР ќе бидат во исто време и уреди со кои ќе може да констатира неколку прекршоци“, соопшти Тошковски
Моментално, МВР работи на поставување сејф сити на територија на СВР Струмица.
Ева Тушевска, М-Нет