
Фудбалските третолигаши од групата Исток ја разгоруваат битката за квалитет и за пробив кон обезбедување на поволни позиции на есенската табела. Екипата на Чешиново која е лидер ќе биде на искушение во Градско Балдовци на незгодниот тим на Спартмани. Интересно ќе биде и во Свети Николе на дуелот помеѓе Овче Поле и Детонит од Радовиш. Во Берово домашниот Малеш со расположениот голгетер Андреј Симевски ќе „брка “голови со тимот на Работник од Лозово. Во Карбинци тимот предводен од тренерот Никола Полазаров ја очекува првата победа против Тиверија од Струмица. Еве ги комплетните парови за ова 5 третолигашко коло:
Овче Поле – Детонит
Брегалница Д – Хоризонт Т
Раклиш – Василево
Карбинци – Тиверија
Малеш – Работник Л
Спартмани – Чешиново
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 1 ноември 2020 г.со нов термин на почеток во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk