
В недела штипјани ќе имаат нова можност да следат прволигашки фудбал, откако екипата на Тиквеш против Шкендија во рамки на 10. коло од Првата лига ќе игра како домаќин на Градскиот стадион во Штип, дознава М Нет телевизија.
Градскиот стадион во Кавадарци е суспендиран на два натпревари од ФФМ, а екипата на Тиквеш веќе еден натпревар одигра надвор од Кавадарци односно како домаќин против Силекс играше на Градскиот стадион во Кичево, а сега против Шкендија ќе игра во Штип.
Со мечот во недела ќе заврши и суспензијата со што Тиквеш ќе се врати на игра на својот стадион во Кавадарци.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Шкендија се игра в недела од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет