
Не е сјаjна ситуацијата ниту со продавачите на текстил, постелнини на пазарите. Одат од град во град да продадат нешто, ама после короната ситуцијата е далеку од добра. Велат дека идентично како и продавниците и тие имаат трошоци па нема потреба да се очекува цените да бидат понсики. Граѓаните, зависи од услугата и расположението, знаат да купат и од пазарите.
„Зависи кој како, зависи од услугата. Зашто да биде поевтино, трошоците се исти, во бутик плаќаат кирија, јас плаќам тезга. Јас сум од Струмица плаќам гориво – горе долу тие се трошоците.“ – велат продавачите.
За помладите пазарите не се толку атрактивно место, а тоа го покажа и сликата на пазарот кај Здравствениот дом во Штип. Повозрасните велат дека купуваат ако навистина имаат потреба.
„Купува се, зависи кој како. Сега летно време не се купува многу. Зависи од продавниците е поевтино. Ние постарите не купуваме од бутиците. Младите не ги интересира пазарот, они не ни погледнуваат. По бутниците е помодерно за нив и од таму купуваат“ – велат купувачите.
Намален е и бројот на тезги кои се поставени на малиот пазар во Штип. Продавaчите согласни дека мора да се работи за да се егзистира од нешто, и покрај фактот дека егзистениција од продажба на текстил нема.
Лаура Стојанова М-Нет