
Наутро и навечер температури кои на места се спуштаат под нулата, во текот на денот сончево и температури до над 15 степени. Ваквите времески разлики присутни во Истокот од државата значително се чувствуваат кај граѓаните. Пред сѐ кај повозрасните, но и граѓаните со срцеви заболувања и дијабетичарите. Болка во мускулите, несвест, вртоглавица, измалаксаност се само дел од последиците кои ги чувстваат повозрасните граѓани од драстичните промени на на тепературите наутро и преку текот на денот. Пред камерите на М-Нет телевизија велат колку се поголеми температурните разлики толку повеќе се чувствува и негативно влијае врз здравјето.
„Топло – ладно многу е лошо, особено за болните на терапија. За луѓето болни од срце, оние со дијабетес.“ – велат граѓаните.
Граѓаните се согласни дека вакви времеснки температурни разлики се забележани и претходно, и дека доста штетно влијаат врз здравјето на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет