Тел Авив воведе систем за ДНК анализа на измет од домашни миленици на јавни површини

Ништо не предизвикува повеќе бес од сопственици на кучиња кои одбиваат да го исчистат „нередот“ кој нивните кучиња го оставаат зад себе. Било да е тоа тротоар, парк во маало, па дури и во тревник, некои сопственици на кучиња едноставно го оставаат изметот, за да го почека „среќниот добитник“ да згазне на него.

За време на пандемијата се зголеми бројот на луѓе кои решија да чуваат домашни миленичиња, па со тоа и проблемот со овие сопственици на кучиња стана неподнослив.

Тел Авив е една од таквите области, каде што на интернет кружат снимки како локални жители го оставаат изметот од нивното милениче, без да исчистат зад нив. Затоа советот на градот реши да им одговори во технолошки модерен стил, како што доликува за 21ви век.

Градскиот совет на Тел Авив на почетокот на оваа недела го изгласа предлогот за воспоставување база на податоци што содржи ДНК на сите кучиња во градот, што ќе се спореди со ДНК пронајдена во измет којшто ќе биде пронајден на несоодветно место. Преку ова, властите ќе можат да ги следат незгодните сопственици на кучиња, кои не чистат зад себе и да им изречат парична казна.

Ќе биде доставено и барање до сите сопственици на кучиња да ја достават ДНК на своите миленици, по обновување на лиценцата за сопственост на кучиња (Тел Авив бара од сопствениците на кучиња да добијат лиценца пред купувањето), што ќе биде во рок од 6 месеци од стапувањето во сила на новата регулатива.

„Измената и дополнувањето на законот беше одобрена како дел од упорната борба на општината против феноменот, изметот на кучиња да не се собира од нивните сопственици низ градот“, рече советник од Советот на град Тел Авив, во изјава за „Тајмс оф Израел“.

Доколку се детектира измет од вашето куче на недозволено место, општината по пошта ќе ви испрати тикет со казна од 730 шекели или околу 220 американски долари.

Извор:
https://www.iflscience.com/policy/dog-dna-to-be-used-to-hunt-owners-who-dont-pick-up-poop-in-tel-aviv/