
Доцнењето на петтиот пакет антикризни мерки од страна на Владата над 6000 работници ги остави на колективен одмор, пред се од текстилната индустрија , а половина од вработените се во Штип.
За месец април ваквиот одраз за тектилните фирми беше најавен и од страна на „Гласен текстилец“ Штип, а сега предвидувањата се и за месец мај. Од страна на „Гласен текстилец“ поднесено е и писмено барање до Собранието на Република Северна Македонија, во кое се бара донесување на петтиот пакет мерки но и 100% плаќање на оправданото отсуство од работа односно боледување.
„ Бараме за време на привремена спреченост од работа (боледување) поради Ковид-19, на вработените во јавниот и во приватниот сектор да им биде исплаќан надоместок на плата во целосен износ, односно 100%. Потребата од ваквото барање несомнено произлезе поради тоа што граѓаните се соочени со егзистенцијални проблеми, посебно оние од приватниот сектор поради лекувањето и лекарствата чии цени се значително зголемени, а приходите на работниците и надоместокот од 70% за време на боледување не се доволни за тие да ги подмират трошоците за лекување на болеста.“ стоеше во писмото потпишано од страна на претседателката на гласен текстилец Штип, Кристина Ампева.
Исто така од Гласен текстилец посебно бараат донесување на петтиот пакет мерки.
„Не ве замолуваме, туку БАРАМЕ од вас како пратеници, народни избраници, да престанат овие политички препукувања во ова Собрание кое се нарекува народен дом, и да го ставите интересот на народот пред секоја политичка цел бидејќи работниците и работничките очекуваат од вас да го изгласате овој сет на мерки, бидејќи е неопходен за нормално функционирање на секоја човечка индивидуа.“
Овие реперкуси во Штип во делот на текстилната индустрија може да резултираат со сериозни ефекти врз целата локална економија.
Стабилизирање делумно на состојбата, работодавачите сметаат дека се случи кон месец јуни кога треба да има побарувачка, но за вистинска стабилизација на државата потреби се години.
Лаура Стојанова М-Нет