Талха Идризи ново засилување на струмичка Беласица

Екипата на Беласица за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига промовираше ново засилување, станува збор за Талха Идризи, кој е играч од нападот и кој ќе ги покрива крилните позиции.

Идризи кој е роден 2004 година потекнува од школата на Шкупи, а последно беше дел од шампионот на Косово, екипата на Балкани, но како отстапен играше во екипата на Велазними Ѓаково, екипа која е дел од втората по ранг лига на Косово.

Беласица продолжува да гради млад тим каде шанса добиваат и младите играчи од нивните погони. Претходно, Беласица се засили со Марио Дебрешлиоски кој е роден 2002 година, корпулетен играч од средниот ред, 22-годишниот голман Иван Николоски и младиот напаѓач Кире Стојанов кој е роден 2005 година.

Беласиа досега одигра и еден пријателски натпревар против Кожуф од Гевгелија, кој заврши без победник со по еден гол 1:1, а веќе утре ќе игра против Трајал Крушево од Србија.

Александар Ванев, М-Нет