Сулемани и Симоновски нови играчи на третолигашот Академија Илинден

Третолигашот Академија Илинден за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север се засили со двајца играчи, станува збор за Енсар Сулемани и Горан Симоновски.

Академија Илинден интензивно работи на засилувања за новата сезона. 27-годишниот Сулемани во Академија Илинден доаѓа од Еуромилк ГЛ, а во својата кариера има настапувано и за Скопје, Вардар од Форино, Влазерими, Брегалница од Делчево, Пелистер и скопски Вардар.

Симоноски е искусен голман кој доаѓа од редоите на некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а 36-годишникот пет сезони беше и во екипата на Лепенец.

Како што дознава телевизија М Нет наскоро ќе се решава и околу тоа кој да биде нов шеф на стручниот штаб, а Академија Илинден го задржа констурот на тимот од минатата сезона, кој ќе биде квалитетно засилен со што Академија Илинден ќе биде конкуретен тим во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север.

Александар Ванев, М-Нет