Студентите ќе добијат по 20% попуст на храна преку апликацијата што ја предлага Владата

Студентите ќе добијат по 20 проценти попуст за храна кај избраните оператори на јавниот повик, кој Владата планира да го распише за продавници, пекари и ресторани со безбедна и квалитетна понуда. Како што рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, со една апликација на мобилниот телефон, студентите ќе го добиваат попустот и за парите од студентскиот оброк и за она што ќе го платат со сопствени средства.

,,Владата ќе распише повик за да се пријават што е можно повеќе оператори за храна и во тие што ќе бидат избрани, условите нема да бидат најстроги, но ќе бидат задоволителни за да биде безбедно тоа и квалитетно што е го нудат. Кога ќе бидат одбрани тие опреатори тогаш со една апликација на мобилниот телефон кои студентите ќе имаат, а ќе изготви владата тие во вреднос од студентскиот оброк храна, не друго, тоа што ќе го купат ќе добијат 20 проценти попуст. Но, во истата продавница да речеме или пекара или ресторан и она што ќе го платат со соптствени пари ќе добијат 20 проценти попуст.”, вели Јаневска

Прашана каков е договорот со студентите, министерката Јаневска, рече дека засега ќе се исплаќаат по 140 денари дневно додека тие не се изјаснат за новиот предлог.

,,Се договоривме во овој момент ние ќе го исплаќаме редовно она што ни е законска обрска, 140 денари, а од нив ќе чекаме одговри. Студентите предложија уште еднаш да апарават анкета, разговор, дискусија со поединечните студиски собранија на факултетите. Да добијат од нив одговор, дали го прифаќаат овој модел, потоа да ги сублимираат резултатите и да дојдат во министерството да ни ги соопштат. Значи тоа ќе го причекаме.Во меѓувреме јас ќе организирам уште една средба со сите претседатели на сите универзитетски студентски собранија, за да видам какви се нивните одговори. Побарав тоа на писмено да биде доставено до министерстовто, за да немаме некакви разлики во иднина.”, рече Јаневска

Откако студентските собранија ќе ги достават своите писмени ставови, Министерството за образование и наука ќе ја организира најавената средба со нивните претседатели, по што ќе се знае конечната одлука.

Иван Митев, М-Нет