
Стравуваат ли штипјани од покачување на цените во маркетите? Со растот на цената на нафтата која достигна речиси 105 денари, граѓаните очекуваат зголемување на цените на производите, поради сè поскапиот транспорт.Граѓаните не се плашат од можното покачување на производите, велат мора сè да се купува за да се преживее, макар и да се скрати на количина.
Единствено штипјани се загрижени што платите не соодветствуваат со цените во продавниците.
На неделните акции во продавниците, граѓаните тврдат дека кога-како го искористуваат намалувањето на производите, но не одат специјално поради акциите.
Штипјани не се плашат од можниот нов економски бран. За нив сè е во ред, бидејќи се спремни да се соочат со секој предизвик и да преживеат, без разлика на новите поскапувања во маркетите
Ева Тушевска, М-Нет