
Второлигашот Победа го назначи Стојанче Дунимаглоски за нов тренер на тимот, кој пред себе ќе има една цел, опстанок со младата екипа на прилепската фудбалска гордост.
Дунимаглоски го презема тимот по оставката на Јане Николоски, најпрво беше поставен за привремен тренер, но по победата над прволигашот Воска Спорт на пријателски натпревар, клубот одлучи да го постави Дунимаглоски за тренер.
Победа по седум кола е на 14-тото место односно во бараж зоната со четири бодови на своето конто, а минатата сезона Победа преку бараж се избори за опстанок, откако го совлада шампионот на Трета лига – Исток, Куманово со 2:1 на стадионот во Ѓорче.
Сезонава повеќе од јасно е дека Победа ќе сака да го избегне тоа сценарио и да го обезбеди директниот опстанок.
Официјалното деби на Дунимаглоски на клупата на Победа ќе биде в сабота на мечот против Вардар Неготино, кој се игра во Струмица, а во рамки на осмото коло од Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет