ССМ во среда на протест, бараат раст на платите поради растот на трошоците

За околу 1000 денари поскапела минималната кошнича само во јануари, во споредба со декември

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари.

Поради зголемените трошоци за живот, Сојузот на Синдикати на Македонија бара зголемување на минималната плата на 600 евра и раст на сите останати плати. Тие најавија протест во среда на 28 јануари.

Од Владата велат дека ќе го почитуваат договорот што ќе го постигнат синдикатите и работодавачите.

Телоп:

,,Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните режиски трошоци 6.338 денари.“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Во меѓувреме, Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна нето-плата изнесува 45.961 денар и е зголемена за 9,4 проценти на годишно ниво.

Телоп 2:

,,Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.“, велат од Држвниот завод за статистика

Дополнително од таму посочуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.

Иван Митев, М-Нет