СОУ“Коле Нехтенин“ трета година организира турнир во шах, целта е афирмација на дисциплината и дружба на учениците

По повод денот на ослободувањето на Штип, трета година по ред СОУ Коле Нехтенин. организира турнир во шах. Целта на истиот е афирмација на оваа спортска дисциплина, но и општ придонес на училиштето за одбележување на овој значаен ден. Директорката на училиштето Јованк Шалева истакна дека годинава тие имаат учесници и од СОУ Гошо Викинтиев Кочани, а интересот на оваа спортска дисциплина од година во година ќе биде уште поголем. Додава дека шахот е метафора на самиот живот, бидејќи човекот ќе успее само кога ќе посегне по вистински чекори.

“По повод 8-ми ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и големиот христијански празник Митровден, веќе трета година по ред во нашето училиште организираме турнир во шах. Целта на овој турнир е афирмација на оваа спортска дисциплина, меѓутоа и да дадеме наш придонес за одбележување на големиот ден во нашиот град. Она што е новина во оваа година е тоа што поканивме ученици од СОУ Ѓошо Викинтиев од Кочани и на овој ден имаме чест да ни биде гостинка ученичката која што минатата година освои прво место на државно ниво и интересот за оваа спортска дисциплина ќе биде уште по голем, бидејќи како што кажавме шахот е матафора на самиот живот, човек ќе успее само кога ќе посегне по вистински чекори.“, истакна Шалева

Дека шахот е од голема важност за учениците, согласни се и професорите и претставниците на оваа спортска дисциплина, додавајќи дека истиот развива многу способности за нив.

“Догодина мислам дека ова ќе биде уште по масовно, да зеде шахот поголема масовност, да го рашириме во градот, како што и младите да ги отргнеме малку од улиците. Инаку, првите тројца добиваат дипломи за прво, второ и трето место, значи ова е еден вид дружба, но и стратегија шахот како игра.“, додава Киров

“Не само моторките, туку овој спорт развива и логика, но и други особини како стрпливост, брзина, бидејќи шахот се игра кога дојде на крајот и брзо потезно, така да многу сеофатно е делувањето на шахот во животот на човекот.“, истакна Јорданов

Учесниците од СОУ Коле Нехтенин, велат дека ова за нив претставува можност за да се навлезе подлабоко во оваа дисциплина, додавајќи дека со натпеварот се зголемува и интересот.

„За нас ова претставува голема можност сите кои што се заинтересирани за шах да навлезат во тоа, затоа што ако нема натпревари, нема да има и заинтересираност.

Инаку, ваквата организација е со цел учениците се вклучат во оваа организација и да имаа можност за поголема дружба.

Лаура Стојанова, М-Нет