СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани домаќин на денешниот државен натпревар во роботика

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ Кочани домаќин на државниот натпревар „First lego liga“ во роботика кој се организира четврта година по ред. Седум тима од државата денеска учествуваа во натпреварот, од кои еден тим е од кочанската метална. Учесниците се натпреваруваа во четири категории, преку редење лего коцки се учи инжињерство, математика и физика.

„Овој настан во државата е четвтра година по ред со физичко присуство е втора година по ред. Чест ми е што успеваме веќе од една идеја која започна пред четири години да стане традиција во нашиот град. Ова е републичко првенство во натпревар по роботика и првиот од пласираните тимови ќе настапува на Интернационално светско првенство“ – кажа Анатасов.

Честа да се биде домаќин на ваков настан е голема, истакна директорот на училиштето Спирко Златков упатувајќи благодарност до спонзрите и Локалната самоупрва во Општина Кочани.

Целиот настан беше поддржан и од Локланата самоуправа во Општина Кочани, а на истиот присуствуваше и градоначалникот Љупчо Папазов. Тој истакна дека поддршката од нивна страна е скормна во организаирањето на еден ваков импозантен настан.

Во 2018 година тимот по роботика од СОУ „Гошо Викентиев“ беше најдобар најдобар во државата и беше учесник на светскиот натпревар кој се одржа во Детроит.

Лаура Стојанова М-Нет