
Вода што тече без прекин, кал, оси, муви и бактерии – ваква е секојдневната слика на улицата Драги Крупишки во штипската населба Дузлак. Револтирани жителите од улицата, неправда повеќе неможат да ја трпат, пред камерите на М-Нет телевизија се жалат дека нивниот сосед континуирано пушта вода која ја преплавува улицата и предизвикува сериозни проблеми цела година. Според граѓаните, водата тече непрекинато, без разлика дали е лето или зима. Во зимските месеци, проблемот станува уште поопасен – водата замрзнува, а улицата се претвора во лизгалиште. Некој од жители велат дека веќе имале падови и повреди. Летно време, пак, проблемот добива друга димензија – на топлината, водата создава непријатна миризба, а поради влагата се шират инсекти, муви и оси, што го загрозува и здравјето на населението.
Други жители се жалат дека водата, покрај тоа што ги уништува улицата и патот, предизвикува и сериозни оштетувања на потпорниот ѕид во нивните дворови. Постојаната влага и истекувањето предизвикуваат пукање и распаѓање на ѕидот, што дополнително ги загрижува сопствениците.
Жителите и понатаму замолуваат соседот да престане со пуштањето на водата, која отече од неговиот двор. Како што истакнаа доколку нема промени, тие ќе одат и до надлежните институции, па дури и до суд.
Иван Митев, М-Нет