
Во посета на Општина Штип денеска беше неговата ексиленција, амбасадрот на Русија, кој оствари средба со градоначалникот на Општина штип, Сашко Николов. Ова не е прва ваква средба, соработката продолжува, како и унапредување на економската соработка меѓу нашата држава и Русија.
Николов истакна дека како задача ќе си земе, да ги собере штипските стопанственици за да се побара начин на соработка со руската федерација. И покрај кризата која го опфати целиот свет руско македонската соработка продолжува.
„Руско – македонската соработка продолжува успешно да се развива. Трговската размена меѓу двете земји во 2020 година се зголеми. Според руската статистика, македонскиот извоз за Русија порасна за 18%, а увозот забележа раст од 22%“ – истакна рускиот Амбасадор.
На денешната средба падна договор од двете страни за преземање на чекори во насока на специфичните параметри на идната соработка. Со повторно состанување без разлика дали онлајн или физичко, економската соработка меѓу овие две земји е во тенденција да биде што е множно позголемена.
Лаура Стојанова М-Нет