„Соколите“ од Штип се „вгнездија“ на второто место во есенската полусезона

Заврши есенскиот дел во Втората кошаркарска лига на Македонија во која по извесна пауза настапува и екипа од Штип, а тоа е тимот на Соколи 1933. Според информациите од Секретарот на клубот Љубе Здравков попладнево штипските соколи го имаа завршниот чин со гостување во Струга и од каде се враќаат со песна. Екипата на Соколите го победија тимот на Црн Дрим со резултат 101:84 и есенскиот дел го завршија на второто место на табелата.

Вкупно се освоени 20 бодови со скор од 9 победи и два порази а она што посебно радува е податокот што само штипската екипа успеа да му го нанесе единствениот пораз на есенскиот лидер, тимот на Шкупи. Голем е интересот на љубителите на кошарката во Штип кои конечно можат да присуствуваат на квалитетна кошарка а според сите предвидувања по начинот на работа, по квалитетот на играчите следната сезона сите очекуваат штипјани да се преселат во повисокиои ранг на натпреварување односно во Првата Кошаркарска лига на Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk