
По осум одиграни кола во Првата ракометна лига најдобриот стрелец се’ уште не ја има поминато границата од постигнати сто погодоци.
Мирче Ѓеоргиев од екипата на Сокол Саса од Македонска Каменица е најдобар стрелец со 82 постигнати погодоци, од осум мечеви, од кои 15 се од линијата за седум метри, а неговиот просек е 10.25 по меч.
Адис Салиу од екипата на Јехона е втор најдобар стрелец со 65 постигнати погодоци, со тоа што Салиу има шест гола од седум метри, а овие погодоци ги има постигнато од седум мечеви, а неговиот просек е под десет по меч.
Трет најдобар стрелец во првенството е штипјанецот Васе Петров, кој за Радовиш постигна 62 гола на осум мечеви, од кои десет од седум метри, а неговиот пресок е речиси осум по меч.
Четврт најдобар стрелец е ракометарот на Пролет, Јован Соколоски со 60 погодоци, колку што има и Бојан Чакалиќ од редовите на Македонија ЃП, со тоа што ракометарот на Пролет од таа бројки 18 ги постигна од седум метри, а ракометарот на Македонија ЃП од седум метри постигна 22 гола.
Антонио Наковски од редовите на Илинден има 58 гола, ниту еден не е од седум метри, Филип Петровски од Овче Поле е седмиот најдобар стерлец со два 55 гола, кои два од седум метри. Следуваат два ракометари на Вардар Неготино, Мартин Димов со 54 и Костадин Петров со 23 гола, колку што има и Михаил Митановски од Аеродром, со кој се заокружува листата на топ десет стрелци во Првата ракометна лига.
Александар Ванев, М-Нет