
Со чадор и јакна ќе го испратиме месец октомври, температурите во следниот период пониски од просекот. Есента конечно зазема сериозен чекор, носејќи променливо и свежо време. Во наредните денови не очекува променливо облачно време со локалени врнежи од дожд , особено на истокот од земјата. Утре и петок ќе бидат најсвежи, со дневни температури кои ќе се спуштат и до 10 степени. Дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска Мишкоска информира, месец октомври останува со пониски температури од претходните години.
,,Нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажно водушни бранови,ни следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во четврток во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи во деноноќие на повеќе места и петок се очекува пониска дневна температура. За источниот регион дневната температура од 10 до 13 степени.“, рече Фиданоска-Мишкоска
За време на викендот повторно не очекува променливо облачно време, а од почетокот на новата работа седмица времето ќе остане нестабилно, што подразбира дека октомври ќе заврши облачно и врнежлво.
На вакви временски промени, особено осетливи се хронично болните лица и децата. Лекарите и понатаму остануваат со апел граѓаните да бидат внимателни, да ја пијат својата терапија, да внесуваат течности и да доагаат на прегледи, кога нема да се чувствуваат добро.
Иван Митев, М-Нет