Со сменети зимски гуми на автомобилите и ланци во багажниците, штипјани подготвени за зимата

Со ставени зимски гуми на автомобилите, ланци во багажниците и потребната зимска опрема, штипјани велат дека се подготвени за претстојниот зимски период. Дел од нив не чекале до последен момент, па уште пред неколку дена ги подготвиле своите возила. Од утре, 15 ноември, стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема, која ќе важи до 15 март следната година.

Оваа законска обврска, граѓаните велат не е новина, туку важи со години, па затоа секој возач децидни дека треба да ја почитува и навреме да го подготви своето возило, пред се заради сопствената безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Од МВР апелираат до возачите да ја почитуваат законската обврска, навреме да ги подготват своите возила и да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема. Целта е да се избегнат сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Иван Митев, М-Нет