Со свечена програма одбележани 121 година од смртта на великанот Гоце Делчев

Со интонирање на македонската химна и положување на свежо цвеќе, денес се одбележа 121 година од смртта на великанот Гоце Делчев. Денешниот настан е организиран во сколп на локалната самоуправа и универзитетот „Гоце Делчев“. На денешната посета Јораднов истакна дека македонскиот народ му должи многу на великанот кој го посеал семето на нашата независна држава и воедно ни остави аманет на демократски начин да се бориме и да ја рaзвиеме државата.

„Македонскиот народ, Штип и штипјани му должиме многу на великанот кој што го посејал семето на независна Македонија, кој што ни остави аманет на демократски начин да се бориме и да ја развиваме нашата држава. Дали го првиме тоа на вистински начин, останува да констатираат луѓето кои живеат во Македонија и онаа кое што морам да го потенцирам дека градот Штип е град во кој има три институции кои го носат името на учителот. Универзитетот, градската библиотека и основното училиште во кои се спроведува образовниот процес, каде се едуцираат младите генерации и се трасира патот на младите да го продолжат аманетот на великанот. Ние како чинители имаме одговорност да ја почитуваме неговта идеологија и да се бориме за независна, суверена и разивена Македонија“- изјави Јорданов

Светот е поле за културни натпревари помеѓу народите главната водилка по која се нижат активностите на универзитетот вели Мираковски. Кој вели дека следејќи ги историските принципи кои што ги поставиле великаните, универзитетот и нашата држава ќе одат напред.

„Одбележиме 121 годишнина од смрта на великанот на макеоднскиот народ Гоце Делчев. Ние како институција која што со гордост го носи неговот име, секоја година организираме ваков заедно со општина Штип. Од посебно значење е да се држиме до принципите кои овие великани ги поставија, односно неговта изјава во контекст на образованието, науката и сваќањето на светот како поле за културни натпревари помеѓу народите е една од водилките на активноста на универзитетот. Верувам дека следејќи ги историските принципи кои што овие великани ги поставија универзитетот и нашата држава ќе одат напред.“ -додава Мираковски

Во чест на великанот Гоце Делчев во нашиот град се именувани три образовни објекти и тоа Универзитетот Гоце Делчев, градската библиотека и основното училиште, каде се спроведува образовниот процес и се едуцираат младите.

Лаура Стојанова, М-Нет