Со музички точки, престава и рецитал реализиран настанот „Чувари на културната ризница“ во Штип

Со комедијата „Весела свадба“ која вчеравечер беше изведена пред публиката во Штип, зачинета со неколку музички точки и рецитал се реализираше проектот за ширење на културните вредности во кој беа вклучени и младите. Беа преставени низа културни вредности, а целта на настанот е да се негува традицијата и да се афирмира мултиетничкиот соживот.

„Овој беше во склопот на ширење на културните вредности или беше насловен под името „Чувари на културната ризница“. Младите беа обучени да направат свој проект, да истражуваат, да прибираат податоци, да комуницираат со институции и да склопат еден цел проект и да го престават пред јавноста. Беа преставени повеќе културни вредности, имавме повеќе музички точки, а најинтересно од сѐ за публиката беше креирањето на сопствена театарска престава, комедија „Весела свадба“ каде станува збор за љубовата меѓу двајца млади од разни етички заедници“ – вели Огњанова.

Освен овој во период кој следи ќе се реализираат уште два мини проекти во кои младите ќе бидат вклучени во акција во која е се помага на социјално загрозени семејства, како и реновирање на катче за деца при Основното училиште „Ванчо Прке“.

„Ова е завршен проект, ќе имаме уште еден каде ќе собираме хуманитарни средства за семејство до социјален ризик кај мајка болна од рак и дете со посебни потреби, без решено станбено прашање и имаме уште еден мини проект каде децата ќе учествуваат во реновирање на мало катче за деца.“ – додава Огњанова.

ПХВ програмата опфаќа 27 општини на територија на цела држава, опфатени се 130 проекти, реалзирани 25 илјади волонтерски часови, се вклучуваат над 2.500 лица , а се собираат на 25 илјади евра средства за помош на социјално загрозени семејства.

Лаура Стојанова М-Нет