Со клима, дрва, а за почеток и со ќебе – ќе се греат штипјани и оваа сезона

Спремни ли се штипјани за грејната сезона? Есента веќе пристигна, утрата и вечерите стануваат посвежи, а полека се наближува и времето за првото греење. Некои веќе набавиле дрва, други решени да се греат на клима, а дел допрва се подготвуваат. Велат спремни или не, постудените денови доаѓаат, па на почетокот ќе се почне со подебела облека и ќебе.

Граѓаните прашани дали очекуваат поскапа струја, велат дека се е можно. Едни велат дека најверојатно нема да има поскапување, додека други велат дека се уште не се знае што ќе се случи.

Премиерот Христијан Мицкоски во последните изјави посочи дека не се очекува поскапување на струјата, додавајќи дека се прават напори таа да поевтини. Граѓаните, сепак, велат дека ќе штедат каде што можат, бидејќи зимата е долга, а сметките за струја треба да се платат.

Иван Митев, М-Нет