
Десет одбојкарски екипи, или една повеќе од лани ќе се натпреваруваат во новата сезона во рамките на Првата машка лига на Македонија. Информациите од членот на раководството на OК Штуп УГД, Методи Папаров велат дека со интернет ждрепка се одреди календарот за новата сезона која ќе започна во сабота 10 октомври и ќе се одвива се до 5 декември. Сите одбојкарски натпревари согласно здравствената комисија ќе се одржуваат по строгите протоколи за што е потребно и сите клубови да направат тестови за ковид 19.

Екипата на Штип УГД под раководство на тренерот Ване Санев упорно и вредно тренираше и сосема подготвени го очекуваат стартот на новата првенствена сезона. Еве ги комплетните парови за ова прво одбојкарско коло:
Џио Струмица – Лирија
Штип УГД – Вардар
Борец – Универзитет Тетово
Шкендија – Добри Волеј
Весна Пробиштип – Јанта Волеј.
Одбојкарската федерација на Македонија и годинава има партнерски однос со МТВ со цел популаризација на овој спорт и секој понеделник ќе врши директен пренос а постои голема веројатност првиот пренос да се емитува од Штип за што сепак ќе следат дополнителни информации.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk