
Снег, студ и минусни температури пред Прочка, метеоролозите со најави и до -9 степени во истокот. Како што исткана дежурниот синоптичар Ленче Ризова, температурите ќе почнат да се спуштат од четврток и истиот ќе се задржат пониски се до недела. Таа вели дожд засега се очекува само во петок, кој наместа ќе преминува и во снег.
,,Минималните ќе бидат пониски во четврток, кога во текот на ноќта ќе имаме разведрување, што значи дека четврток ќе имаме студено утро, но влажен бран не очекува во петок, кога повторно на повисоките места и на планините, врнежите ќе бидат од снег, додека на понските врнежите ќе бидат од дожд. Потоа за време на викендот стабилно и суво време, но со пониски температури. Најниските температури во источниот регион ќе бидат -9 степени, во Штип -6.“; рече Ризова
Затоплување не очекува веќе од следната седмица рече Ризова, вели покрај на дневните, пораст ќе има и на утринските температури.
Согласно ситуацијата, на вакво променливо време, лекарите предупредуваат, граѓаните да бидат внимателни. Да носат топла облека, да пијат топли напитоци, а хронично болните редовно да ја примат својата месечна терапија со цел не дојде до несакани последици.
Иван Митев, М-Нет