
Снег, дожд и студ пред Нова Година, особено в среда и четврток, предупредуваат метеоролозите. Како што информираше дежурниот синоптичар Ленче Ризова, од ноќта кон среда се очекуваат обилни врнежи од дожд, кои на повеќето делови ќе преминуваат во снег. Од сега гледано, последните денови од оваа година ќе бидат доста студени потенцираше Ризова со опаѓање и на дневните и на утринските температури.
,,Кон крајот на денот утре веќе, ќе потпаднеме под влијание на влажни воздушни бранови, така што кон крајот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои што ќе започнат најпрво во западните делови, а постепено во текот на ноќта ќе се прошират и кон централните подрачја. Во среда ќе имаме претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд и овие врнежи ќе бидат особено обилни во ноќта кон четврток. Врнежи од снег можни се на повисоките места, особено во претпладневните часови. Значи дожд и снег утре кон крајот на денот, особено во среда и четврток повеќе во претпладневните часови, потоа имаме стабилизирање. Од сега гледано таму последните денови од годината ќе имаме така заладување, опаѓање на дневните температури. “, рече Ризова
Врнежите од дожд и снег се очекуваат да престанат кон крајот на петок, а потоа следува студено време со сончеви периоди.
,,Стабилизирање на времето ќе имаме веќе од петок, меѓутоа ќе биде по студено со сончеви периоди. Стабилно време ќе се задржи до крајот на оваа година. Ќе имаме и нешто пониски температури. Дневните така во недела нешто повисоки, меѓутоа некоја значителна драстична промена на температурите засега нема.“, додава Ризова
Иако синоптичарите најавија по студен бран, пропратен со врнежи до крајот на годината, сепак и индексот на квалитетот на воздух повторно бележи високо ниво на загадување. Во моментот индексот изнесува 108 ниво Штетно за здравјето. Лицата од чувствителните групи може веднаш да ги осетат ефектите врз здравјето. Здравите лица може да имаат тешкотии при дишењето и иритација на грлото со продолженото изложување. Ограничи ги активностите во природа.
Иван Митев, М-Нет