
Мирисот на победите повторно го вкусија играчите и симпатиерите на Каменица Саса откако денес едноставно ја збришаа првопласирана Победа од Прилеп. По почетните наизменични возбудувања пред головите на Ѓоргиев и на Котевски актерите на теренот ја смирија играта очекувајќи мирољубиво полувреме и нови совети од своите шефови. Но, така не мислеше Дарко Алексовски кој со велемајсторски потег беше идејниот творец за водство на домакините а краен егзекутор беше Никола Божинов во 41 минута и со резултат од 1:0 се отиде на одмор. Во второто полувреме продолжи атакот на домакините кој резултираше со втор гол за водство од 2:0 повторно по асистенција на Дарко Алексовски а стрелец на голот во Ненад Нешовски во 65 минута. За да правдата биде задоволена во листата на стрелци се запиша и Дарко Алексовски со гол во 81 м. и конечен резултат Каменица Саса – Победа 3:0. Судуската четворка на чело со Ндерим Тефику одлично го водеше натпреварот за што честитки заслужуваат и сите актери на теренот за фер и коректниот однос. Еве ги комплетните резултати од ова 12 коло:
- Братство – Осоговo 2:4
- Слога – Локомотива 3:0
- Каменица Саса – Победа 3:0
- Кожув – Детонит 1:1
- Кит Го – Беласица 0:1
ТАБЕЛА
- Слога 28
- Победа 26
- К. Саса 24
- Беласица 23
- Осогово 17
- Кит Го 16
- Детонит 14
- Кожув 13
- Локомотива 5
- Братство 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk