Следниот викенд стартува ракометната елита на Македонија

ФОТО: Александар Ванев

Следниот викенд започнува новата сезона во ракометната елита на Македонија со натпреварите од првото коло. Новата сезона во Суперлигата ќе понуди повеќе од неизвесна борба и четири екипи кои ќе влезат во рамноправна трка за титулата.

Шампионот Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид и Охрид, па овие четири позиции ќе бидат „резервирани“ за овие екипи, додека пак останатите екипи ќе се борат за останатите две позиции за плеј-офот.

Но и трката за опстанок ќе биде неизвесна каде повеќе екипи ќе водат борба да го избенат последното место кое директно води кон испаѓање во Првата лига, но и претпоследното место кое води кон баражот за опстанок.

Во Автокоманда ќе се одигра дербито меѓу Алкалоид и Охрид, Бутел ќе го пречека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој од Скопје ја започнува одбраната на титулата.

Куманово значително засилен и освежен ќе го пречека Радовиш во меч каде бодовите ќе се важи, особено и за радовишани кои ќе атакуваат на директен опстанок.

Прилеп на свој терен ќе го пречека повратникот во елитата екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, а пак Струга ќе ја отвори сезоната против Вардар во меч каде двократниот европски шампион ќе биде апсолутен фаворит.

Пролет сезоната ја отвара на домашен терен против Тиквеш во дуел на две екипи кои ќе атакуваат на место во плеј-офот.

Александар Ванев, М-Нет