
Селата Козјак и Аргулица ќе бидат дел од меѓуопштинскиот линиски превоз во Општина Карбинци. Во соработка на општината и штипското јавно претпријатие Стипион се надополнуваат линиите за јавен превоз. Ова е по барање на жителите вели градоначаникот Паунов, кој додаде дека за точкните термини ќе се извести до крајот на годината, а автобусите на оваа релација ќе се движат од почетокот на наредната година.
„Тоа ќе бидат селото Аргулица и селото Козјак. Веќе од месец јануари почнува да се движи и превозот и до овие населени места со тоа што жителите ќе имаат можност да ги ккористат во текот на денот.“ – вели Паунов.
Дополнително во наредниот период ќе се разгледува можноста меѓуопштински превоз да се воведе и до селата Долни Балван и Крупиште. На таков начин по 20 години жителите од сите населени места од Општина Карбинци ќе имаат превоз до град Штип, вели Паунов.
„Она што го разговаравме е селото Долни Балван и селото Крупиште, коишто ќе бидат предмет понатаму. Ама нив ги имаатт резервирано превозниците од останатите радови. Но, ќе ги разгледаме и можно е да ги додадеме во целиот овој проект.“ – додава Паунов.
Во оваа прилика Паунов апелираше до граѓаните да го користат меѓуопштинскиот линиски превоз оти на таков начин поевтино може да пристигнат до градот. Посочи дека треба да се размислува за користење на месечните и годишни билети оти на таков начиин услугата е поисплатлива.
Лаура Стојанова М-Нет