Се уште непознато колку средства се потребни за санација на мостот во село Долни Балван

И по три месеци мостот во село Долни Балван кој ги поврзува селата Блаван и Таринци сѐ уште е забранет за минување. За возачите е поставен знак дека е забрането минување по овој мост и истите не можат да го користат. Или поедноставно кажано го користат, но со непочитување на поставениот знак. Пред повеќе од 20 дена градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека се подговтува проектот со кој ќе се знае штетата од попуштањето на мостот и колку средства ќе се потребни за негова реконструкција. Денеска истакна дека се уште се работи на овој проект и потоа ќе се знае дали и кога мостот ќе биде саниран.

„Потпишавме договор со проектанти за проектирање на мостот. Во тек е изработката на проектот се прават геомеханички испитувања на тлото околу оштетениот дел, така што во периодот кој следи очекуваме да биде готов проектот па да пристапиме кон реализација, санација или обезбедување на финансиски средства“ – кажа Паунов.

Паунов и во оваа прилика истакна дека очекува помош од страна на државата, додавајќи дека од односот Влада – Општина Карбинци ќе зависи дали ќе има протести или не.

Мостот во село Долни Балва попушти во декември минатата година кога имаше зголемен водостој на река Брегалница. Веднаш потоа истиот беше затворен за сообраќај бидејќи се констатираше дека не е безбеден за минување. До крајот на месецов се очекува прокетот да биде завршен, да се знаат штетите на мостот и средствата потребни за негова санација.

Лаура Стојанова М-Нет